Објавиле лажно интервју со Шумахер, германски медиум плати отштета од 200.000 евра

Семејството на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, доби паричен надоместок во износ од 200.000 евра од издавачот на германски магазин кој објави „интервју“ со легендарниот германски возач направен со помош на вештачка интелигенција.

Како што денеска јави британската телевизија Скај, портпаролот на семејството ја потврдил пресудата на судот во Минхен и висината на отпремнината што ќе ја плати издавачката куќа на магазинот Актуел (Die Aktuelle).

Уредничката на списанието беше отпуштен минатата година, а издавачот му се извини на семејството.
Магазинот на својата насловна страница на изданието од 15 април минатата година објави фотографија од насмеан Шумахер со наслов: „Михаел Шумахер, прво интервју“.

Поднасловот гласеше „Звучи измамливо реално“, а во текстот пишуваше дека цитатите се направени со помош на вештачка интелигенција

23.05.2024 - 20:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега