Од миленичето направила веган: Животното умира пред очите на илјадници луѓе а таа одбива да помогне (фото)

Девојка по има Соња Сае стана предмет на сериозни критики на социјалните мрежи поради своето милениче, кое буквално го изгладнува, правејќи од него веган.

Таа е активна на Инстаграм по тоа дека е вегетаријанка и не јаде месо, јајца ниту било какви други прозводи од животинско потекло. Вегани јадат многу зелен зеленчук и пијат многу вода, што според нив им дава неверојатен сјај на кожата на лицето.

Сепак нејзините фанови на Инстаграм немаат ништо против ваквиот начин на живот, но ја критикуваат поради нејзиното милениче, од расата Лисица, Џуманџи, која ја претворила во веган.

-Животното умира пред нејзините очи, тоа е сурово- пишува еден корисник на Инстаграм.

Според експертите за животни, оваа раса се храни 90 проценти со месо и инсекти а само 10 проценти со билки. Ним им е потребо калциум и таурин кои ги има во животинското ткиво и инсекти.

-За жал нејзината сопственичка не гледа дека со таков начин на живот ја води во смрт- пишува на сајтот.

Соња споделува фотографии на Инстаграм во кои се гледа дека лисицата е во очајна состојба, но таа вели дека сето тоа е од алергија.

-Тоа не се симптоми на алергија, туку симптоми кои покажуваат дека животното умира пред нејзините очи. Почнала да губи од крзното и многу е слаба, а според видеото објавено минатата недела тоа нема ни сила- пишува Алиса, една од корисниците на Инстаграм.

Луѓето на Инстаграм почнале да ја шират приказната со цел да ми помогнат на животното.

Во случајот се влучиле и неколку организации за заштита на животните, но и полицијата. Корисниците се надеваат дека набрзо животното ќе и биде одземено на Соња и ќе биде згрижено и ќе и биде понудена потребната помош.

 

 

 

13.05.2018 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега