Ѓубреџиска свадба во Тетово - наместо подарок во плико младоженците добиваа кеси со отпад

На плоштадот во Тетово вчера се одржа необична „свадба“. Многу гости и музика, а орото не беше изоставено. Наместо подароци, младоженците добиваа кеси полни со отпад собран од целиот град.

На музичарите наместо да им се лепат пари, им се даваа заштитни маски за дишење.

Младоженецот беше облечен во црни кеси за отпад, а невестата во венчаница направена од хартии. 

Преку ваквата акција, невладините организации го искажаа својот револт и упатија порака до надлежните, сметот од целиот град да биде исчистен, бидејќи влијае врз здравјето на граѓаните. 

 

 

 

 

13.05.2018 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега