Водата и струјата се бесплатни, а данок не плаќа никој- вака изгледа животот во најбогатата земја на светот

Жителите на Катар можат да се пофалат дека живеат во најбогатата земја во светот, но сепак, велат дека тоа не им донело „целосна среќа“ бидејќи промените во општеството што ги донело богатството на многумина таму не им се допаѓаат. Оваа арапскa земја се уште е посакувана дестинација за гастербајтерите, а нејзините жители уживаат во многу поволности обезбедени од државата.

Летото во Катар е навистина жешко, а дневните температури знаат да достигнат и до 47 степени целзиусови. Градовите се драстично изменети за разлика од пред десетина години и се полни со високи облакодери кои за многу кратко време „израснале“ на некогаш празните песочни предели.

– Станавме урбани и животот се промени. Семејствата се повеќе се разделуваат, а се повеќе преовладува некултирата, изјавил доктор Ел Ганим од Катар.

Катар е најбогатата земја со светот според БДП по глава на жител од 102 000 долари. Под Катар на листата се Лихтенштајн (89 илјади), Бермуди (86 илјади), Макао (82 илјади) и Луксембург (78 илјади) долари.

Околу 14 проценти од домакинствата во Катар се милиониери во долари, а во 2013 година невработеноста била само 0,1 отсто. Искористувањето на енегргетските извори започна некаде во четириесетите години на минатиот век, а пред тоа жителите на Катар живееја претежно од риболов и вадење на бисери.

Катар има трети најголеми резерви во светот за природен гас, а поседува и нафтени залихи од 15 милијарди барели. За жителите на Катар, образованието таму е бесплатно, како и здравствената заштита, а работно место имаат загарантирано. Водата и стујата не им се наплатуваат, а уште една важна поволност е што во Катар не постојат даноци, не плаќаат ниту странците.

Доха веќе години наназад личи на големо градилиште, а во општеството каде Катарците се малцинство, странски државјани кои живеат и работат таму има седум пати повеќе од староседелците.

Државјаните на Катар дозвола за градба добиваат без никаков проблем, а потоа државата им рефундира половина од трошоците. Сепак, само државјаните можат да бидат сопственици на недвижен имот и продажбата на земја на странци е забранета.

 

 

 

13.05.2018 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега