Не е ниту Америка, ниту Русија - на погребот на Тито оваа држава испрати најголема делегација

“Биографијата на Тито“ на Џеспер Ридли има запишно 50 државни делегации со имињата на челновите на делагациите што ја зголемува веродостојноста, но сепак се изоставени делегациите на Арапската лига.
Според службените податоци на Обединетите нации на денот на смртта на Јосип Броз Тито, 4-ти мај 1980-та, организацијата имала 148 членики. Прва членка после смртта на Тито која е примена во ОН е Зимбабве на 25-ти август истата година. Ако ги земеме во предвид државите како Сао Томе и Принсипе, Сјшелите или Света Луција кои станаа членки кон крајот на 70-тите години на минатиот век, многу нереално изгледа бројката од 123 делегации. Под знак прашалник можеме да ја ставиме нивната способност како мали држави кои неполна година се членки на ОН да имаат развиена дипломатска мрежа преку која би можеле да пуштат претставници. Бројката од 123 делегации станува уште по нереална ако се земе дека никаде нема податоци дека и големи сили како Ирска и Австралија немаа свои делегации.

Во Куќата на цвеќето е поставена карта на која се прикажани земјите кои не испратиле претставници да му оддадат последна почит на Маршалот. Според таа карта тоа се: Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор, Хаити, Доминиканската република, Суринам, Чад, Малави, Саудиска Арабија, Бутан, Папуа Нова Гвинеја, Јужна Кореја и Албанија.

Присуствувале 25 претседатели на држави, 9 премиери,5 кралеви, 4 принца, 3 министри за надворешни работи, 2 канцелари, 2 члена на владата на Куба, 1 претседател на парламент, 1 министер за образование, 1 министер за финансии, 1 генерален гувернер (претставник на Британската круна во Канада), 1 заменик премиер, 1 голем војвода, Роберто Родригез Варела претставник на Аргентина без титула и лидерите на Либија Муамер Гадафи, Полска Јерузелски и на СССР Брежњев чии титули не можат да се сместат во стандардната категоризација.

Државнички најјака делегација дојде од Западна Германија која беше составена од целиот државен врв - претседателот, канцеларот и министерот за надворешни работи. Беше присутен и целиот државен врв на Австрија, Италија, Португалија, Велика Британија и СССР.

Најнеобични делегации имаа Велика Британија во која премиерката Тачер беше придружувана од британскиот претставник во Титовиот штаб за време на Втората светска војна. На чело на делегацијата на САД се наоѓаше мајката на тогашниот претседател Џими Картер, а од Египет присуствуваа синот и ќерката на претседателот Насер. Тоа што Картер не се појави на погребот наиде на критики во САД посебно од Буш Постариот.

Многубројни беа и претставниците на разни движења и организации од кои можат да се издвојат: Јасер Арафат лидер на тогаш непризнатата Палестина, Мохамед Абделази претседател на делимично признатата Сахарска Арапска Демократска Република, лидерите на Социјалистичкта партија на ЧилеКарлос Алтамирано и Клодомиро Алмеида и други.

Дури и со оваа бројка на претставници од 50 држави, 4 меѓународни организации и 12 делегации на движењеа и партии погребот на Тито останува најголем на еден државник.

 

 

 

 

09.05.2018 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега