Поминале во брак 49 години, а поради оваа причина повторно се вљубија еден во друг (видео)

Џо и Кевин Тајлер се сретнале кога имале 14 и 16 години. И двајцата биле во тинејџерски години и оттогаш се вљубени, а 49 години подоцна нивната љубов се уште е силна. 

Тие имаат пет деца, 14 внуци и 12 внуци, и се уште се лудо вљубени. Тие се најдобрите пријатели, заедно се забавуваат и патуваат низ државата на мотоцикл.

Малата промена е токму она што им е потребно за Денот на вљубените. Тимот на стилисти успеа да ги изненади овие двајца љубовници.

-Џо и Кевин претпочитаат удобност повеќе од стил и со текот на годините не обрнуваа многу внимание на изгледот. И двајцата носеа широки алишта и имаа долга коса, а Кевин имаше брада до градите. Тој дури спомна дека бил еднаш во натпревар за најдобрата брада- откриле стилистите.

Стилистите промениле неколку работи на нив, а изразот на нивните лица кога се здогледаа еден со друг е фантастичен.

Погледнете го видеото на нивната трансформација:

 

 

 

03.05.2018 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега