Расчистено убиството во Мала Речица - притвори за 12 лица

СВР Тетово во соработка со СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција го документираше и расчисти случајот од 05.04 во Мала Речица во кое едно лице го загуби животот, а двајца беа повредени и до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 12 лица. На пријавените им е одредена и мерка притвор од 30 дена.

„Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “убиство“ и соизвршителство во вршењето на тоа дело, предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РМ, како и две кривични дела “убиство во обид“ по член 123 а в.в. со член 19 од КЗ на РМ, до ОЈО Тетово кривично пријавени се лицата: М.Н. (40), М.Х. (34), М.Ф. (23), М.Б. (21), М.И. (21), М.М. (24) сите од село Черкези – кумановско, потоа Р.С. (42), К.Х. (42), Р.Б. (41) тројцата од Куманово, како и Р.Д. (44) од с.Черкези, Љ.Б. (40) од Елбасан (Р.Албанија) и Д.Ф. (22) од село Опае – кумановско. Десетмина од пријавените се предадени на Судија на претходна постапка кој што, пак, на сите дванаесетмина пријавени веќе им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена“, велат од полицијата.

Од таму додаваат дека покрај десетмината кои се веќе обезбедени, се трага по лицето Д.Ф., додека лицето М.Ф. поради здобиените тешки телесни повреди е задржано на болничко лекување. Истовремено против лицата Р.Б. и Љ.Б. е поднесена и кривична пријава за сомнение за сторено кривично дело – “недозволено изработување и држење на огнено оружје и распрскувачки материи“, предвидено и казниво по член 396 од КЗ на Р.М.

За потсетување, завчера околу 18,30 часот, во село Мала Речица на ул.„ 167“, се случили престрелка помеѓу две групи на лица кои биле со неколку патнички моторни возила. Притоа, во престрелката со смртоносни повреди се здобил Н.Р. (47) од село Белановце, липковско, додека со тешки телесни повреди се здобил М.Ф. од село Черкези, кумановско, кој поради серозноста на повредите веднаш бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, а Р.С. (42) од Куманово се здобил со телесни повреди.

 

 

 

07.04.2018 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега