Македонија во жолта фаза - метеоролозите најавија невреме и грмотевици

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет најпрвин во западните делови. 

Дневните температури од 10 до 20 степени целзиусови.

За денеска УХМР издаде предупредување од жолта фаза и услови за нестабилна облачност, проследена со грмежи и со краткотраен пороен дожд. Се очекува пообилни врнежи да има во западните делови на земјава каде е можно да наврнат 25 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. Потоа во наредните два дена ќе има слаб локален дожд, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

 

 

 

12.03.2018 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега