Ахмедовски, Ибраимовски и Таравари во посета на ромската населба „Дупка“ во Гостивар

Министерот без ресор Аксел Ахмедовски и претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски престојуваа во општина Гостивар и притоа, во придружба на градоначалникот Арбен Таравари ја посетија т.н. ромска населба „Дупка" во Гостивар.

Како што се наведува во соопштението од општина Гостивар, нивна заедничка констатација беше дека условите за живот во ова соседство се мизерни и оти ваквата ситуација може да се надмине само со координирани мерки на локалните и државните институции.

- Оваа населба се наоѓа во јадрото на градот и навистина е недостојно во 21 век да се дозволи граѓаните на една цела населба да живеат во вакви услови. Најпрвин ќе се изготви акционен план во соработка со Министерството за транспорт и врски, и за две-три години ќе се комплетира инфраструктурата и оваа населба ќе заличи на урбана населба, истакна Таравари.

Ахмедовски рече дека е трогнат од она што го гледа, но исто така е оптимист со оглед на позитивното расположение на градоначалникот Таравари и поддршката на ресорните министерства, ќе се подобрат условите за живот во оваа населба и таа ќе се претвори во елитна населба, соопшти Општина Гостивар.

 

 

 

23.02.2018 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега