Владата ја усвои Стратегијата за образование 2018-2025
Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Стратегијата за образование 2018-2025.
-Стратегијата за образованието на Република Македонија за 2018-2025 година и нејзиниот Акциски план, беа изработени со финансиска и техничка поддршка од страна на Европската Унија, преку процес на консултации и учество, на многу експерти, наставници и професори, претставници на јавни институции, невладиниот сектор и други лица заинтересирани за развивање на човечките ресурси и образовните политики во Република Македонија, се вели во владиното соопштение.
31.01.2018 - 15:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа