Собранието го изгласа Законот за јазиците - на потег е претседателот Иванов

Собранието денеска без ниеден глас против го изгласа Законот за јазиците, кој во првите седум дена е во рацете на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

Откако тој ќе го потпише, Законот ќе биде објавен во Службен весник и официјално да стапи на сила. Доколку Иванов не го потпише законот, тогаш повторно ќе биде вратен во Собранието.

Во таков случај Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот, стои во членот 75 од Уставот.

 

 

 

11.01.2018 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега