Тмурно и студено утро, доаѓа леден бран: Подгответе се за промена

 

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, по котлините магливо. На југот главно на планините со услови за слаб локален дожд. Температурата ќе се движи од шест до 11 степени.

Во Скопје ќе биде облачно. Температурата ќе достигне до седум степени.

Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во сабота и в понеделник, кога поради спуштање на постудена воздушна маса, врнежи од снег можно е да има и на некои повисоки места.

 

 

 

10.01.2018 - 08:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега