Полицијата упадна во локали во Гостивар и Тетово - приведени 17 лица

Синоќа од страна на полициски службеници од полициската станица Гостивар, полициското одделение Галате и полициското одделение Чегране била извршена акциска контрола во два угостителски објекти. 

 Во угостителскиот објект  на улица „Илинденска“ во Гостивар биле затекнати и приведени две женски лица–државјанки на Република Македонија.

Во угостителскиот објект во село Форино, гостиварско, биле затекнати и приведени четири женски лица (една државјанка на Република Македонија, една државјанка на Република Албанија и две на Косово).

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Исто така, утрово во периодот од 24:30 до 2 часот, од страна на полициски службеници од полициската станица Тетово била извршена акциска контрола во угостителски објект во село Желино, тетовско.  

Во објектот биле затекнати и приведени 11 женски лица (седум државјанки на Република Албанија и четири  државјанки на Република Македонија).

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

29.12.2017 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега