Украдено возило на Партизанска

Во 19 часот и 15 минути во полициската станица Центар, 61-годишниот У.К. од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 18 часот и 30 минути на булеварот  „Партизански одреди“, од страна на непознат сторител му било одземено патничко моторно возило „Волво ХЦ“ со гостиварски регистарски ознаки.

Возилото било паркирано на наведената адреса со оставени клучеви и во него имало три патни исправи и еден мобилен телефон.

Со кражбата, сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 3.751.000 денари.

 

 

 

28.12.2017 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега