Малолетник од Скопје силувал две деца од 10 и 9 годишна возраст

Скопјанка пријавила сексуално малтретирање на својот 10- годишен син, но ова не бил прв случај.

Вчера во 16 часот и 15 минути во полициска станица во Скопје, четириесетгодишна жена од  скопско село пријавила дека 17-годишник во повеќе наврати вршел полово дејствие врз нејзиниот 10-годишен син.

Во врска со истиот настан, во истата полициска станица, во 21 часот и 40 минути, четириесетиосумгодишна жена од Скопје пријавила дека истиот 17-годишник, во периодот од август до пред 10 дена, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз нејзиниот деветгодишен син- се вели во сооштението од полиција.

Според пријавителите, 17-годишникот бил нивен сосед и во наведениот период, секогаш кога ќе ги видел децата на улица, ги повикувал во подрумските простории на нивна соседка и таму ги вршел половите дејствија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

16.12.2017 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега