Повисоки нивоата на дел од реките, езерата во рамки на просекот

 

Нивото на Вардар кај Велес и кај Демир Капија е над декемврискиот просек, а е намалено кај Скопје Зајчев Рид и кај Јегуновце. Зголемено ниво Управата за хидрометеоролошки работи регистрира и на Црн Дрим кај Ложани и на Сатеска кај Ботун.

Под просекот за овој период од годината се и нивоата на реките Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и на Црна Река кај Новаци.

Дојранското Езеро е минимално зголемено од просекот за декември, а нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро и натаму се во рамки на просекот.

 

 

 

16.12.2017 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега