Како централното парно ни го уништува здравјето - кои болести настануваат поради преголемата топлина

Централното греење и високите температури во затворен простор во текот на зимата можат сериозно да го загрозат здравјето.

Истражувањата покажуваат дека голем број од настинките настануват кога започнува грејната сезона, како поради студеното време, така и поради високите температури во затворениот простор, пшува српскиот магазин „Убава и среќна“.

Тешките настинки се јавуваат кај луѓето кои имаат централно греење, бидејќи докажано е дека централното греење најлесно создава црна мувла која може да биде причина за појава на астма и им штети на астматичарите. Лекарите истакнуваат дека премногу топло во просторот е погодно за инфекции на респираторните органи и делува на болно и воспалено грло.

Додека сме изложени на висока температура во затворен простор, слузокожата на носот се суши и недоволно се проветруваат шуплините на синусите. Тоа ја зголемува запушеноста на носот, главоболката и предизвикува непријатно чувство во пределот на синусите, па дури и крварење. Експертите истакнуваат дека високата температура во собата во која се спие може лошо да влијае врз целиот биоритам на организмот. Се советува дека најдобро за вашето здравје е температурата да се одржува до 18 степени Целзиусови во затворен простор.

 

 

 

16.12.2017 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега