Во земјотресот на Јава има жртви, издадено е предупредување и за цунами

Неколкумина загинаа во силниот земјотрес, со интензитет од 6,5 степени, според Рихтеровата скала, што денеска го погоди индонезискиот остров Јава.

Земјотресот предизвика големи материјални штети. Засега бројот на загинати не е познат.

Индонезиските власти издадоа предупредување за цунами за дел од островот Јава. 

Епицентарот на земјотресот бил на 52 километри југозападно од градот Тасикмалаја, со длабочина од 92 километри

 

 

 

15.12.2017 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега