Илиоски: Тука сме бидејќи хунтата спроведува неправда, нема да се откажеме

Пред Министерството за правда на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ се обрати Зоран Илиоски, тој кажа дека ова Министерство може слободно да се нарече дека е за неправда.

-Тука сме бидејќи од кога хунтата е дојдена на власт во Република Македонија, место правда се спроведува неправда, се затвараат луѓе кои што различно мислат, луѓе кои што поинаку ги искажуваат своите ставови од владејачката гарнитура. Се затвораат луѓе патриоти, луѓе кои што си ја сакаат својата Република Македонија, својата држава, својата татковина, изјави Илиоски.

Тој кажа дека место она што го ветуваше СДСМ пред да дојде на власт, туку се води политички прогон против оние кои не мислат како власта. Тој кажа дека народот гледа пад на економијата, заплашување на граѓани, дека граѓаните не смеат да одат на протести поради тоа што имаат закани дека ќе останат без работа.

-Меѓутоа, ние нема да се откажеме, нема да се откажеме бидејќи знаеме дека правдата е на наша страна, нема да се откажеме бидејќи знаеме дека 47 луѓе се притворени затоа што си ја сакаат својата држава, нема да се откажеме дека тие луѓе се невини, бидејќи знаеме дека луѓето кои беа на своите работни места во Собранието сега се неправедно во притвор, изјави Илиоски.

Кажа и дека нема да се откажат додека оваа власт вака владее.

 

 

 

15.12.2017 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега