Јотова: Ќе се олеснува процедурата за издавање на бугарски пасош

Бугарските медиуми објавиле дека од 2001 година, 71 524 лица добиле бугарско државјанство во Република Македонија- пишува „iportal“

Ова го изјавила потпретседателката на Бугарија, Илиана Јотова, на средба во бугарската амбасада во Скопје а го објавиле бугарските медиуми.

„Од почетокот на мандатот на претседателот Румен Радев, кој почна во јануари годинава, 1.184 Македонци добиле бугарско државјанство“, рече Јотова.

Таа во блиска иднина вети дека ќе го олесни режимот за стекнување бугарско државјанство.

„Ви ветувам дека во најскоро време ќе се олесни процедурата за добивање бугарско државјанство“, рекла Јотова.

 

 

 

15.12.2017 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега