Заев-Кити: Со бугарското претседавање се отвораат вратите на ЕУ и за Македонија

Италија останува цврсто на ставот дека вратите на ЕУ и НАТО се отвораат и за Република Македонија и заради нагласената главна определба на Бугарија како следен претседавач на ЕУ, земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија, да бидат во приоритетите на следното проширување на Унијата, му предочија денеска на премиерот Зоран Заев  претставници на италијанскиот Сенат.

Италија е за интергација на Западен Балкан во ЕУ и останува силен афирматор и поддржувач на стратегиските цели на Македонија - членството во ЕУ и НАТО, беше речено на средбата во Владата.

Како што соопшти владината прес-служба, делегацијата на италијанскиот Сенат ја предводеше претседателот на сенатската Комисија за политики на ЕУ Ванино Кити, а на средбата присуствуваше и амбасадорот Карло Ромео. 

- Ја поздравуваме континуираната поддршка на Италија за Македонија и за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. За Македонија е од исклучително значење долгогодишното и искрено пријателство со Република Италија. Тоа е особено беше изразено со поддршката во периодот на осамостојувањето и во сите клучни фази од процесот на евро-атлантските интеграции на нашата земја, рече премиерот. 

Во текот на разговорот беше потенцирано дека се особено значајни контактите меѓу Собранието на Република Македонија и двата дома на италијанскиот Парламент, посебно за аспирациите на нашата земја за членство во НАТО и ЕУ.

Заеднички интерес на двете земји, подвлекоа соговорниците, е и развојот на Коридорот 8 како еден од клучните проекти од годинашниот Самит во Трст.

- Искрената соработка и заемната доверба на високо ниво дава резултати и во економската соработка. Тоа го потврдува фактот дека Италија е меѓу петте најзначајни економски и трговски партнери на Македонија, истакна премиерот Зоран Заев. 

 

 

 

15.12.2017 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега