Заврши општата расправа за заменици на генералниот секретар на Собранието

 

Собранието на Република Македонија денеска ја заврши општата расправа по Предлог-одлуката за именување на заменици на генералниот секретар на Парламентот.

За оваа одлука, како и за амандманот поднесен од страна на двајца пратеници од опозицијата, ќе се гласа на 24-ти овој месец бидејќи, како што истакна претседателот на Собранието, нема услови за гласање.

Опозицијата и денеска побара стопирање на постапката бидејќи според нив со зголемувањето од два на пет заменици на генералниот секретар не се подобрува ефикасноста на Собранието, туку се зголемуваат финансиските трошоци на Парламентот. Реагираа и на тоа што се предвидуваат места за пет потпретседатели на Собранието.

За парламентарното мнозинство, со зголемувањето на бројот на заменици на генералниот секретар ќе се зголеми ефикасноста на Парламентот. На дневен ред на оваа седница беа и измените на Кривичниот законик, но, како што соопшти претседателот на Парламентот, материјалот на законот е повлечен од страна на Владата.

Собранието продолжува со работа по редовната едночасовна пауза. 

 

 

 

17.11.2017 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега