Заев: Договорот со Бугарија ќе биде ратификуван до крајот на годината

Со Бугарија не сме само пријатели, туку станавме и сојузници, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за Бугарската национална телевизја - БТВ.

Заев истакна и дека Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија ќе биде ратификуван до крајот на годината.

Во однос на историските прашања што ги засега двете земји, Заев рече дека во учебниците веќе не се говори за „бугарски фашистички окупатор“ и оти македонското општество го осудило уништувањето на споменикот на Кајмакчалан зашто тоа предизвикало страдање кај Бугарите.

- Личностите од нашата заедничка историја треба да не поврзуваат. Кавгите не носат перспектива, туку носат лошо. Македонија и Бугарија се искрени пријатели и треба да го градат тоа пријателство, потенцира Заев.

 

 

 

17.11.2017 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега