Страотна несреќа во Македонија: Се судрил со автобус, меѓу повредените и дете

Четири лица се повредени, од кои три потешко во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на магистралниот пат Делчево-Штип, кај село Облешево, кога се судриле автомобил „Форд Ескорт“ со штипски ознаки управуван од 35-годишниот Д.Д.  од Виница и автобус со беровски таблички управуван од 61 годишниот С.Д. од Берово.

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот на автомобилот кој бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Тешко повредени се и двајца сопатници од Фордот, четири годишно дете и 41-годипниот Г.С. од Куманово кои се пренесени во Медицинскиот центар во Штип, додека со полесни повреди поминала соптаничката од автомобилот, 24 годишната Л.М. од виничкото село Лаки која по укажаната лекарска помош е пуштена на домашно лекување.

 

 

 

 

17.11.2017 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега