Скоро никој не ги знае: Пет работи за банкоматот, телефонот и автомобилот кои можат да ви го спасат животот

Постојат многу информации кои не ги знаеме, а можат да ни бидат од огромна помош. Такви се и следниве корисни информации кои ќе ви се најдат во различни ситуации:

Ако крадец или некој друг ве присили да подигнете пари од банкоматот - во тој случај искуцајте ја лозинката наопаку, наместо 1234 вие напишете 4321. Тоа банкоматот ќе го препознае како алармирање и ќе повика полиција. За оваа информација многумина ни не знаат.

Како било каде во светот да повикате брза помош? Универзален број за сите држави е 112.

Што да правите ако клучевите за отклучување на автомобилот ви останале заклучени во автомобилот? Оваа непријатна ситуација може да се реши на следниот начин: Некој кој е дома и има резервен клуч нека ви се јави на мобилниот телефон, а вие телефонот држете го 30 сантиметри одалечен од вратата на автомобилот. Лицето од дома треба да го држи резервниот клуч близу до својот телефон и да го притисне копчето за отклучување.

Резервна батерија за мобилниот телефон - за да активирате резервна батерија на својот телефон притиснете *3370#

Како да оневозможите крадците да го користат вашиот телефон? Треба да го знаете серискиот број на вашиот телефон, а тоа ќе го дознаете вака: напишете * # 0 6 # и на екранот ќе се појави 15-цифрен број. Потоа побарајте го операторот и кажете му го овој сериски број, па така вашиот телефон ќе биде блокиран.

 

 

 

20.11.2017 - 23:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега