Паника во Дајмонд мол: Лажна тревога ги исплаши посетителите
Посетителите во Дајмонд мол во Скопје доживеаја непријатност поради лажна тревога за пожар, пренесе 24Инфо.
На разглас било упатено предупредување веднаш да го напуштат објектот низ најблиските отворени врати. Ова предизвикало паника меѓу присутните, особено поради тоа што во исто време биле исклучени лифтовите и ескалаторите, а не работеле ниту ротирачките врати во молот.
На крајот, на посетителите им било соопштено дека станува збор за лажна тревога.
11.04.2025 - 16:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа