Прегазени тројца пешаци

 


Тројца пешаци биле удрени од автомобил во текот на вчерашниот ден во Скопје, Неготино и Кавадарци.

Во 9 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата Владимир Комаров и Бојмија во Скопје, „цитроен“ управуван од 20-годишната  С.А. од Скопје, удрил во пешакот Е.Р.(33) од Кавадарци кој е тешко повреден.

Во 14.45 часот било пријавено дека на крстосницата со улицата Никола Петров и Маршал Тито во Неготино, автомобил „пежо“ со неготински регистарски ознаки, управуван од Д.У.(24) од селото Пепелиште, неготинско, удрило во пешакот М.И.(76) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.И., констатирани во Општата болница Кавадарци.

Во 20.15 часот било пријавено дека на улицата Ресавска во Кавадарци, автомобил удрил во 33-годишната Х.И. од овој град, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.И., констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен е увид во трите несреќи.

11.04.2025 - 14:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега