Ким Џонг-ун предаде 10.000 станови на церемонија во Пјонгјанг – граѓаните скокаа од среќа

 

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун присуствуваше на церемонијата по повод завршувањето на третата фаза од големиот станбен проект во Пјонгјанг, објавија државните медиуми. Денеска земјата го слави роденденот на својот починат основач Ким Ил Сунг.

Северната државна телевизија КРТ ја емитуваше церемонијата, на која Ким ја пресече лентата и се сретна со новите жители и воениот персонал. На церемонијата се појави и неговата ќерка Џу Ае.

КЦНА соопшти дека церемонијата се одржала во вторник, на годишнината од раѓањето на основачот, за да го одбележи предавањето на 10.000 нови станови во областа Хвасеонг , дел од петгодишниот план за изградба на 50.000 домови во главниот град до 2025 година.

Северна Кореја ја започна изградбата на четвртата и последна фаза од проектот Хвасонг во февруари 2023 година.

16.04.2025 - 17:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега