Сообраќајка кај Демир Хисар: Тешко повреден возач
Вчера во 10.29 часот во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека на крстосница за с.Кутретино, демирхисарско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(58) од с.Мало Илино, демирхисарско и патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(57) од с.Сараќино, тетовско, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.С., констатирани во здравствена установа.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.
11.04.2025 - 16:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа