Општина Ѓорче Петров до инвеститорот кој урна ѕид на соседна зграда: Веднаш да се прекине изградбата на објектот

 


Овластен градежен инспектор од Општина Ѓорче Петров извршил вонреден инспекциски надзор и увид на местото каде ѕид меѓу вториот и третиот кат на станбен блок бил пробиен за време на изградба на нова висококатница.

„Овластен градежен инспектор од Општина Ѓорче Петров изврши вонреден инспекциски надзор и увид на лице-место на предметната локација, односно на местото каде вчера при бетонирање на платно кое е дел од вертикална комуникација на источна страна од градилиште (на самата меѓа со сосед станбена зграда на ул.„Партизански одреди“ бр.165) пробиен е дел од фасаден ѕид на соседна зграда“, соопштија од општината.

Констатирани се, како што појаснуваат, неправилности, изготвен е Записник од извршен инспекциски надзор и донесено е решение со кое на инвеститорите им се наредува веднаш да ја прекинат натамошната изградба на објектот од втора категорија со намена А2 – колективна станбена зграда на улица „Партизански Одреди“ бр.бб. Во рок од 5 дена да го вратат во првобидна состојба фасадниот ѕид на соседниот објект и веднаш да ја обезбедат сигурноста на околната градба, потенцираат од општината.

 

11.04.2025 - 15:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега