Заев: И покрај повисоката акциза дизелот во Македонија ќе биде најевтин во регионот

Предлог-буџетот за 2018 година кој Министерството за финансии го претстави минатата недела, а треба да биде усвоен од страна на Владата и потоа испратен до Собранието, според премиерот Зоран Заев претставува буџет за финансиска стабилизација.

„Ова е буџет за финансиска стабилизација. Продолжуваме и со земање кредити со кои ќе се поддржат само инфраструктурни проекти. Но, она што значи и стабилизација и исправени сме пред покачувањето на акцизата на нафтата од три денари за да може да ги покриеме оние обврски што се значајни за граѓаните, а да не биде само од земање кредити“, рече премиерот Заев во вечерашната дебата на МТВ организирана во рамки на политиката на Владата за отчетност и транспареност во носењето на Буџетот уште во фазата на неговата подготовка пред тој да биде изгласан од Владата.

Премиерот појасни дека парите ќе одат за училишта, градинки, библиотеки, за рамномерен регионален развој, капитални инвестиции, за здравството и образованието.

Според Заев, со зголемување на акцизата на нафтата цената ќе остане најниска во регионот. Во Македонија е 0,8 евроценти, во Косово 1 евро, Србија и Бугарија 1,2 евроценти. Со зголемување на акцизата цената ќе изнесува 0,86 евроцентри и според премиерот ќе биде најниска.

Предлог-буџетот Владата треба да го испрати до Собранието најдоцна до 15 ноември, а како што најави премиерот, тоа може да биде во четврток навечер или најдоцна до 15 ноември

 

 

 

07.11.2017 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега