Детаљ кој конечно може да го реши убиството - клучен е последниот час од животот на Јелена

Јелена Крсмановиќ исчезна на 2. април2016 година околу 15 часот и 30 минути, според верзијата на нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ, кој е уапсен поради сомнение дека е поврзан со нејзиното убиство, додека заминала да трча до рампата на насипот во Борча.

Според извештајот од обудкцијата Јелена е убиена еден час подоцна, на околу 550 метри од местото каде што стоел нејзиниот сопруг.

Кога би се установило каде била Јелена и што правела во тој еден час, злосторството би добило свој епилог.

Според верзијата на Зоран, тој и неговата ќерка шетале по насипот и ја барале неговата сопруга.

Со самото тоа, тој еден час од исчезнувањето на Јелена до нејзината смрт, останува мистерија, бидејќи никој од луѓето кои наводно биле вклучени во потрагата не слушнале ниту виделе нешто сомнително, ниту пак слушнале крици.

 

 

 

05.10.2017 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега