Се огласи БИА - Кеба е приведен поради мафија и нема врска со песната

Пејачот Драган Којиќ Кеба во саботата навечер заврши на информативен разговор во Безбедносно-информативната агенција, поради како што е наведено, загрозување на националните интереси.

Фолкерот, после сѐ, со оваа изјава го објасни целиот случај:

-Ја слушнале мојата песна која ќе ја објавам во декември. Не знам како воопшто дошле до снимката. Заклучиле дека песната не е погодна за националниот интерес, така што морав да дадам изјава и објаснување - рекол Кеба за медиумите.

-БИА не се занимава со песни, особено не со оние кои не се објавени. Тоа е смешно. Дури и да е некој специфичен случај, ќе се дозволи прво да биде објавена, а потоа да се реагира. БИА е сериозна полиција - изјавил Божидар Спасиќ, поранешен член на специјалниот тим на Службата за државна безбедност.

Меѓутоа, подоцна до медиумите приситгнало и официјално соопштение од БИА за целиот случај, кое во целост ги демантира медиумските натписи:

-Припадници на БИА на ден 28.9.2017 година вршејќи ги своите редовни работни задачи за заштита на безбедноста на Република Србија, а поради собирање известувања, односно идентификација на сопственикот и корисникот на возилото за кое постои сомнени дека е објект во кој е извршено кривично дело, извршија разговор и со Драган Којиќ. Истакнуваме деканаведениот разговор нема никаква рска со било каква песна на споменатиот Којиќ и во истата прилика се разјаснети сите околности поради кои разговорот е направен - се наведува во соопштението.

 

 

 

04.10.2017 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега