Рочиштето за случајот „Поткуп“ одложено за 20. ноември

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на обвинетиот премиер Зоран Заев во случајот „Поткуп“ да бидат изземени доказите од ПИ мерките, кои што беа објавени на Јутјуб уште пред две години. Решението за одбивање на барањето на Заев на денешното судење му го врачи судијката Ленка Давиткова, бидејќи нејзината колешка Дијана Груевска Илиевска, која го води процесот против Заев, била, како што рече Давиткова, на боледување. Тоа беше и причината судскиот процес да се одложи за 20 ноември годинава.

Заев потврди дека денеска му било врачено решение дека неговиот предлог се одбива и повтори дека докрај ќе ја бара правдата за овој, како што рече, монтиран случај против него, каде што со злоупотреби од страна на обвинителство е правена конструкција дека бара поткуп од бизнисмен од Струмица само за да биде оцрнет во јавноста.

Тој рече дека ја нема целата снимка, инаку во спортивно би ја објавил во целост, од почеток до крај, за да се види, вели тој, дека нема тука никакво кривично дело, а најмалку поткуп.
„Единствено одговорно за протечените снимки е Обвинителство за организиран криминал и никој друг, за што поднесовме и кривична пријава“, рече Заев.

 

 

 

27.09.2017 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега