27- годишното момче починало во сопствениот двот

Дваесет и седумгодишен жител на скопското село Црешево вчера на улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје, при уредување дворна површина со рачен компресор, паднал на земја и починал.

МВР соопшти дека Р.М. (27) веднаш бил пренесен во Поликлиниката Чаир, а од таму со возило на Итна медицинска помош бил препратен во болницата „Систина“, каде од страна на дежурниот лекар во 16:10 часот била констатирана смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

 

 

 

30.07.2017 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега