Самсоненко со насолзени очи: Горд сум на овој македонски народ

Шампионите на Европа денеска поминаа под Триумфалната порта, а пред илјадниците фанови и граѓани на плоштадот Македонија се обрати и Сергеј Самсоненко-сопственикот на ракометниот клуб Вардар.

Самсоненко со насолзени очи рече дека е горд на своите играчи и е горд што Македонија има нардо кој зрачи со посебна енергија. Според него таа енергија ја почувствувале и играчите кои ја пренесоа истата на теренот.

Тој вели дека радоста да се видат насобрани граѓани од самиот аеродром до плоштад е едно посебно чувство.

-Поради вас срцето ми чука надвор од телото, длабок поклон до македонскиот народ, вие сте наше се, вели Самсоненко.

 

 

 

06.06.2017 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега