Груевски се сретна со претседателот на ЕПП

Груевски денеска и утре претстојува во дводневна работна посета на Брисел, каде главен настан е конференција за Западен Балкан што во организација на Европската народна партија (ЕПП) се одржува во Европскиот парламент.

Поранешниот премиер на Република Македонија, кој во Брисел е придружуван од меѓународниот секретар на партијата Александар Николоски и од членот на Извршниот комитет и поранешен министер за надворешни работи, Никола Попоски, во текот на утрешниот ден, пак, има набиена агенда на билатерални средби со голем број на европратеници, а предвидено е и да се сретне со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.


Средба со претседателот на ЕПП, Жозеф Дол

 

 Тема на разговорите е состојбата во Македонија и евро-атлантските аспирации на земјата, односно како најбројната партија во Европарламентот може да и помогне на македонската држава за да напредува во овој процес.

 

 

 

06.06.2017 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега