Најмалку седум лица загинаа во антивладините протести

Стотици демонстранти кои бараат оставка на Владата на авганистанскиот претседател Ашраф Гани по самоубиствениот напад во Кабул се судрија со полицијата, која употреби солзавец, водени топови и пукаше во воздух.

Во судирите загинаа најмалку седум лица, меѓу кои и син на влијателен политичар. Неколку луѓе се повредени откако полицајците се обиделе да ги спречат демонстрантите да стигнат до претседателската палата.

Во протестот учествуваа повеќе од илјада луѓе, а голем број од нив носеа фотографии од нападот со камион бомба, што се случи во средата, при што загинаа стотици лица, а над 600 се повредени. Демонстрантите оценуваат дека одговорноста за нападот е на претседателот Гани и премиерот Абдула Абдула.

 

 

 

02.06.2017 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега