Изградбата на Џамијата во Атина е одложена за јули

Оспоруваниот проект за изградба на џамија во Атина доби ново одлагање, откако властите посочија дека изградбата ќе биде завршена во јули – два месеци по поставените рокови, пишува Ekathimerini.

Изградбата ќе се забави поради одгласите од минатогодишни протести против неа. Џамијата, која ќе биде со површина од 1.000 квадратни метри ќе биде без минаре и ќе може да се прими до 350 верници. Таа се гради на местото на стара флотска база во “Вотаникос” – индустриски варт во западниот дел на Атина. По завршувањето џамијата ќе стане првото официјално место на муслимански верски објект во грчката престолнина.

 

 

 

05.05.2017 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега