Погребано момчето кое загина вчера откако трактор се преврте на локалниот пат

Младен Голубовиќ (10) од селото Пријездиќ, кај Ваљево, кој почина кога се превртел тракторот, нагмечувајќи го, веројатно и самиот управувал со машината, пишува Блиц. Момчето е погребано вчера на гробиштата во своето родно село.

Истрагата не ја исклучува можноста да момчето сам го возел тракторот кој се превртел, и го усмртил на лице место.

Момчето настрада во четвртокот, во близина на семејната куќа, додека со дедо му Боривој, го возел тракторот. Во прв момент, се сомневало дека детето, во моментите на занишување на тракторот, испаднал од скутпт на дедото и паднал на земјата. Сепак, увидот, укажува дека тоа е невозможно, со оглед на положбата на превртениот трактор и телото, и дека Младен сам бил зад воланот.

„Се претпоставува дека дедото седел на едната страна, а детето возело. До превртување дошло, како што се претпоставува, така што најверојатно се откачила кочницата пред да уфрли во брзина, по што тракторот отскокнал и се превртел. Младен испаднал од седиштето, а возилото во пад го пригмечило детето“, наведува изворот од истрагата за Блиц.

Несреќата се случила на излез од една нива Голубовича, на патот кон нивната куќа, речиси на рамен терен. Истражните органи на лице место не можеле да земат изјава од Боривој, кој бил целосно вон себе и долго останал да лежи на местото на несреќата, кукајќи и кубејќи си ја косата.

„Неопходно е да ситуацијата се смири и од дедото ги добиеме потребните информации, како и да  изјава се земе од евентуални очевидци“, наведува изворот.

Тамошните жители во кој Голубовиќи се голема фамилија, и сите се на некој начин роднински поврзани, вчера масовно изразија соучуство до семејството и тагуваа со родителите, Владо кој е музичар, и Слаѓана, службеничка во сообраќајната полиција.

За момчето имаат само пофални зборови. Беше исклучително вреден и способен за своите години, добро момче од четврто одделение кое тренирало и фудбал, бил член на многубројни школски секции.

 

 

 

 

15.04.2017 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега