Силеџиите го малтретирале во училиште и го викале Зец, но по пет години се случил неочекуван пресврт

 

Предните четири заби на ова момче биле толку големи што не можело да ја затвори устата, а неговите родители немале пари за да му обезбедат дентална операција, неопходна за Еван нормално да функционира. 

Неговата мајка дури изјавила како размислувала куќата да ја стави под хипотека за да му плати операција. 

И од тогаш приказната на Еван станала вирална и од сите страни почнале да пристигнуваат зборови со поддршка, но и финасиски средства. 

Dete-zeka-2

МНогу луѓе испраќале пари  за помош на Еван.

Неговата операција чинела 100.000 долари, и по пет години редовно одење на стоматолог и хирург на Еван конечно му е тргната протезата по операцијата и може без никаков срам да ја покаже својата насмевка. 

Dete-zeka-4

- Не знам што би правеле денеска без толку великодушни луѓе, рекла мајката на момчето и додала дека со преостанатите пари направиле фонд за помош на други деца кои имаат дентални проблеми, пишува порталот. 

 

 

 

 

13.04.2017 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега