Дежурни медицински служби за празничниот викенд: Здравствен дом Скопје со апел

 

Службите на Здравствен дом Скопје за претстојните празнични денови ќе обезбедат 24 часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во поликлиниките Идадија, Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари и Драчево.

Во сабота, како што информираат од Здравстевн дом, од 8 до 16 часот дежурна специјалистичка служба ќе има во Поликлиника Букурешт. За време на празниците ќе има 24-часовна покриеност од Службата за итна медицинска помош, а редовно ќе работи и Службата за домашна посета.

Од Здравствен дом Скопје им препорачуваат на граѓаните кои постеле да внимааат со внес на храна од животинско потекло, а на сите со консумација на алкохол пред се од здравствени причини, како и поради безбедност во сообраќајот.

 

 

 

13.04.2017 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега