Холивуд тагува: Почина холивудскиот ветеран

Легендарниот холивудски кинематограф Михаел Балхаус почина во својот дом во Берлин, на 81-годишна возраст, по кусо боледување.

Тој на публиката и е познат по филмовите „Добри момчиња", „Бандите на Њујорк" и оскаровецот „Покојните" на Мартин Скорсезе.

Балхаус својата кариера ја започнал во Германија во 1960-те и 70-те, работејќи со режисери како Рајнер Вернер Фасбиндер, пред да се пресели во САД. Наредните четири десетлетија, тој е ангажиран во бројни проекти на Скорсезе, Френсис Форд Копола, Роберт Редфорд...

Три пати е номиниран за „Оскарот" за кинематографија, но никогаш не ја доби престижната статуетка.

Минатата година, Михаел Балхаус ја доби почесната „Златна мечка“ за особен придонес во седмата уметност. 

 

 

 

13.04.2017 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега