За заедничка Македонија до ВМРО-ДПМНЕ: Не смеете да дозволите избор на претседател на Собрание кој нема да ја отфрли Тиранската платформа

Денес сме 29-ти ден откако излеговме на улица. Да им повториме на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за нивната важна историска улога во овој момент и да им повториме дека не смеат да дозволат да се избере претседател на Собранието кој нема да се откаже од Тиранската платформа и нејзината суштина, истакна Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кој заедно со илјадниците граѓани кои денес маршираат, застанаа пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ да им порачаат дека народот чука на портите на нивната совест и да внимаваат што правата.

Претседателот на Собранието, човекот кој го заменува претседателот на републиката и е Врховен командант во отсуство на претседателот на републиката не смее да е човек кој не се откажал од документ изготвен на масата на премиер на соседна држава, дотолку повеќе што тој документ ја става Македонија на траектортија на разбенитување, до губење на државата онаква каква што ја имаме. И тој документ заговара промена на знамето на оваа земја, промена на химната, на државниот грб и е вовед во промена на името кој го претставува нашиот непокор, нашиот дух. Сакаат да нè скршат нема да им дозволиме и им повторуваме на ВМРО-ДПМНЕ дека не смеат да дозволат, мора да останат со граѓаните кои се на улици. Никакво бирање на претседател на Собрание без да ја отфрли Тиранската платформа, вели Илиевски.

za zaednicka mk1

 

 

 

 

27.03.2017 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега