Македонија го одбележува Светскиот ден на оралното здравје

Стоматолошката комора на Македонија денеска ќе го одбележи 20 март - Светскиот ден на оралното здравје со низа активности како дел од кампањата за подигнување на свеста за оралната хигиена.  

Како што соопшти Стоматолошката комора, тимови на стоматолози на три локации во главниот град - трговските центри „Зебра“ и „Рамстор мол“ и на  плоштадот „Македонија“, ќе ги информираат граѓаните за нивното орално здравје.

Покрај совети од докторите стоматолози, ќе се делат и промотивни материјали од фирми произведувачи на дентални средства за хигиена.

 

 

 

20.03.2017 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега