Го снимале додека го силувале па видеото го постирале на Фејсбок

Словенија е згрозена од злосторството што во неделата кон понеделникот се случило во село близу Кршко, при што двајца злоставувале 26-годишен маж, тоа го снимиле и го поставиле на Facebook, каде било прегледано од 230.000 корисници на мрежата.

Facebook, по интервенција на полицијата го отстранила 23-минутното видео од тортурата. На видеото се гледало како момчето е злоставувано, како се пцуе, а двајцата мажи му се закануваат. Анонимен човек пријавил во полиција, а од таму со помош на снимката го лоцирале местото на злосторството, ливада во близина на селото Подбочје кај Кршко.

Жртвата е најдена во 4 часот утрото, во несвест, крвав, смрзнат и со тешки повреди на главата и телото. Итно е префрлен во болница во ново Место, па во Љубљана, каде лекарите велат сè уште се бори за живот.

Двајцата напаѓачи на возраст од 20 и 29 години се од околината, притворени се и се претпоставува дека се познавале со жртвата, поради што полицијата се сомнева на лично нетрпение, кое го поттикнало насилството.

Некои психолози предупредуваат дека ваквите настани имаат силно влијание затоа што се пренесуваат преку социјалните мрежи. Конкретната снимка била отстранета по неколу часа, а до тогаш ја прегледале повеќе од 230.000 луѓе, меѓу кои и многу млади, додека некои дури и кликнале `like

 

 

 

14.02.2017 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега