Денес се слави Свети Василиј Велики, еден од тројцата најголеми црковни учители - за многу години!

Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан.

Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања.

Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква.

Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството.

Денес се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден.

Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четрвтиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил го¬лем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил во 379 година.

 
 
14.01.2017 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега