Учениците и наставниците догодина не сакаат пролетен распуст
Ќе има ли пролетен распуст за основците и средношколците следната година? Анонимните анкети на министерството покажуваат дека околу 40.000 од досегашните испитаници одговориле дека не сакаат пролетен распуст догодина.
Родителите, учениците и наставниците до понеделник имаат можност да го кажат својот став дали сакаат годината да заврши на 10-ти, или на 13-јуни. Нивните одговори ќе влијаат на конечната одлука, пред да биде усвоен конечниот календар за новата учебна година.
На анкетата може да гласа секој. Лесно се пристапува до неа, и не е ограничено колку пати може да се даде одговор на ова прашање. Па така, постои можност да биде злоупотребена, доколку едно лице реши повеќепати да одговори дали сака или не сака пролетен распуст. Министерката Весна Јаневска, вели дека МОН располага со механизми кои ќе ги контролираат можните злоупотреби.
Габриела Лескова
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа