Сокол се спаси од притвор во Шутка, одземен му е пасошот
Кривичниот суд определи мерки на претпазливост за десетмината осомничени, меѓу кои и поранешниот директор на затвороот во Шуто Оризари, Филип Андов Сокол кој им овозможил на петтмина осуденици, незаконски да бидат повремено ослободувани. Андов е осомничен заедно со уште девет лица во постапката на Обвинителството за гонење на органзиран криминал и корупција.
На осомничените им е одземен пасошот. Имаат забрана за напуштање на живеалиштето. Треба да се јавуваат повремено на определено службено лице во судот. Не смеат да одржуваат контакти или врски со определени лица и имаат и забрана за преземање на определени работни активности, кои се поврзани со кривичното дело.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Петмина осуденици биле ослободувани по 8 до 10 часа со факсимил или потпис на Андов.
Спроведувањето осуденици од затвор се врши единствено до суд, здравствена установа или друг орган. Но, тие доставувале молба до Андов, кој со факсимил или потпис одобрувал повремено да го напуштат затворот. Второосомничен е командирот на затворска полиција, кој изготувал наредба за нивен спровод, а понекогаш тоа го прваел и третоосомничениот затворски полицаец и личен возач на директорот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа