(ВИДЕО) Трамп и Зеленски ја спукаа среде прес-конференција

 

Доналд Трамп му рече на Володимир Зеленски „склопи договор или ние излегуваме “ за време на средбата во Белата куќа, која брзо се претвори во караница, со викање и навреди.

Со повишени гласови Трамп и Зеленски, заедно со потпретседателот Џеј-Ди Венс, разменија жестоки забелешки за природата на американската поддршка и за тоа дали Зеленски покажал доволно благодарност.

„Твојата земја е во голема неволја“, му рече Трамп на Зеленски во караницата во Овалната соба.

„Ти не си баш во најдобра позиција во моментов“, го искара Трамп Зеленски, а кога овој праша дали може да одговори, Трамп веднаш го прекина и со кренат показалец му рече: „Не, и премногу зборуваше“.

„Нема да победите во ова“, рече Трамп. „Имате проклето добри шанси од ова да излезете океј поради нас.“

„Ние преку оној глупав претседател (мислејќи на Џо Бајден) ви дадовме 350 милијарди долари, ви дадовме воена опрема… ако ја немавте нашата воена опрема, оваа војна ќе беше завршена за две недели“, му рече Трамп на Зеленски, на што овој му одговори: „За три дена. Така слушнав од Путин“.

„Ќе биде многу тешко вака да се води работата“, рече Трамп.

„Мислам дека е многу добро американскиот народ да види што се случува“, рече Трамп, додавајќи: „Затоа ова го продолжувам толку долго“.

Тој рече дека Зеленски „мора да биде благодарен“, на што Зеленски одговори дека е „многу благодарен“, а Трамп го пресече и со повишен глас му рече: „Луѓето умираат, ти снемуваат војници“.

„Секако дека сакам прекин на огнот, но со гаранции“

„Ако можете да постигнете прекин на огнот во моментов, би ви рекол да го постигнете, за куршумите да престанат да летаат“, рече Трамп.

„Се разбира дека сакам да ја прекинам војната“, рече Зеленски, но Трамп г прекина: „Велите дека не сакате прекин на огнот“.

Зеленски рече дека сака договор за прекин на огнот со „гаранции“.

Тој му рече на Трамп да го праша украинскиот народ какви му се чувствата кон договорот за прекин на огнот.

Венс го нарече Зеленски полн со непочитување поради обидот јавно да разговара за конфликтот.

28.02.2025 - 19:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега